Станува збор за 28-годишна фудбалерка, која игра во нападот и која трансферот меѓу „милионерките“ ќе ѝ биде прв интернационален предизвик. Таа изминативе две години ги мина во составот од Македонска Каменица, а претходно настапуваше за Борец, Наше Такси и ЖФК Драгон.
Од ЖФК Каменица САСА, во информацијата за јавност, упатуваат честитки, благодарност за направеното со одличните игри во клубот од Македонска Каменица и желби за понатамошен успех до Марјана Нацева, објавувајќи дека, “после успешниот пробен период нашата фудбалерка Ману, потпиша договор со германскиот гигант Борусија од Дортмунд”.
Нацева веќе е во Дортмунд, каде што го потпиша договорот со Борусија и веднаш ќе му се приклучи на новиот колектив. Таа од 2011 година е репрезентативка на Македонија, а во националниот дрес има тринаесет официјални настапи.