Тандемот Трајковски – Касер постигна 49 поени за нова победа на Пелистер

По поразот од Гостивар во минатото коло на домашен терен, Пелистер им се врати на победите. Битолчани ја оправдаа фаворитската улога против Вардар, го совладаа со убедливи 80-105 .

Дуелот почна со минута молчење во чест на Владо Воиновски, долгогодишниот претседател на „црвен-црните“.

По првата четвртина беше 28-32, гостите предноста ја направија во вториот период, го добија со 12-28 и на одморот заминаа со водство од 40-60. Ова беше доволно за да во продолжение без проблем го прившрат натпреварот.

Прочитај повеќе: Трнерското деби на Тони Симиќ донесе победа на Баскет Кам

Пелистер дојде до десетата победа и по ова коло ќе остане на лидерската позиција, на другата страна Вардар пак го запиша деветиот пораз сезонава, има и две победи.

Трајковски и Кесар беше ударниот тандем, заедно постигнаа 49 поени, на другата страна Дикембе имаше 25 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *