Бразилката Јоелма Алвес Габриел е нова фудбалерка на вицешампионот во домашното првенство и освојувачот на Купот на Македонија, ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица
– Станува збор за фудбалерка која во претстојната година ќе допринесе со креативност, ефективност и бразилска магија во играта на тимот, – велат од ЖФК Каменица САСА
Јоелма Алвес Габриел доаѓа од екипата на ЖФК Флуминензе од Бразил. Има настапувано за Понте Прета и Крузеиро.
Универзална фудбалерка која одлично се снаоѓа на повеќе позиции од средниот ред на теренот!
#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај