Со Јоелма Алвес Габриел доаѓа бразилската магија во играта на ЖФК Каменица САСА

Бразилката Јоелма Алвес Габриел е нова фудбалерка на вицешампионот во домашното првенство и освојувачот на Купот на Македонија, ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица

– Станува збор за фудбалерка која во претстојната година ќе допринесе со креативност, ефективност и бразилска магија во играта на тимот, – велат од ЖФК Каменица САСА
Јоелма Алвес Габриел доаѓа од екипата на ЖФК Флуминензе од Бразил. Има настапувано за Понте Прета и Крузеиро.

Универзална фудбалерка која одлично се снаоѓа на повеќе позиции од средниот ред на теренот!

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *