Софија Ситновска обезбеди учество на државен натпревар по Биологија

На 07. Април се одржа регионалниот натпревар по Биологија каде учество земаа ученици од 7 и 9 одделение при ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица.

Ученичката Софија Ситновска од 9а одделение освои прва награда и обезбеди пласман на државен натпревар. На онлајн натпреварот учество земаа и учениците од 9в одд. Мила Михаиловска, Михаела Павловска, Јана Атанасовска и Лука Стојановски, кои освоија трета награда. Исто така, Михаела Ампова од 7б и Филип Ангелов од 7в одделение освоија трета награда.

Ментори на учениците за натпреварот се професорите Љупка Ристовски и Виолета Накова.

Од училиштето и посакуваат многу успех на Софија Ситновска на Државниот натпревар кој на 20 мај ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *