Словенија ни ги зема студентите – пред 20 години само 48, а лани 1.516 студенти од Македонија

Словенија ни ги зема студентите – пред 20 години само 48, а лани 1.516 студенти од Македонија

Многу голем број студенти од Македонија се запишани на факултетите за компјутерски науки и информатика (FRI), Факултетот за електротехника, Економскиот факултет и Биотехничкиот факултет, вели Киара Лазич, која студира медицина во Словенија и е координатор на тимот за комуникации.

Словенија ни ги зема студентите – пред 20 години само 48, а лани 1.516 студенти од Македонија

Многу голем број студенти од Македонија се запишани на факултетите за компјутерски науки и информатика (FRI), Факултетот за електротехника, Економскиот факултет и Биотехничкиот факултет, вели Киара Лазич, која студира медицина во Словенија и е координатор на тимот за комуникации

Бројот на Македонци што одлучуваат да студираат во Словенија секоја година расте. Македонската студентска организација во Словенија ни сподели дел од статистиките со кои располага, а кои ги добила од Заводот за статистика на Словенија. Во учебната 2000/01 г. на факултетите во Словенија биле запишани 48 студенти од Македонија, до учебната 2005/6 г. оваа бројка станува троцифрена – 147 студенти, додека во учебната 2019/20 четирицифрена – 1.170 наши студенти. Последна бројка со која располагаме е од минатата година (учебна 2022/23 г.) кога 1.516 студенти од Македонија се запишале на студии на универзитетите во Словенија.

Голем интерес за „Запознај ја студентска Словенија“

– Со статистички податоци за учебната 2023/24 сè уште не располагаме, но со оглед на многубројните пораки што ги добиваме изминативе месеци на нашите социјални мрежи (Инстаграм, Вибер, е-пошта), како и заинтересираноста за настанот „Запознај ја студентска Словенија“, кој го одржавме на 18 септември оваа година во НЛБ Галерија во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Словенија, НЛБ Банка и други, можеме да заклучиме дека Словенија секоја година станува сѐ попопуларна и привлекува поголем број наши студенти – велат од Македонската студентска организација во Словенија.

Целот текст: тука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *