„Скратени крилата“ на фирмите за брзи кредити- каматите нема да бидат поголеми од 60 % од главниот долг

Конечно ќе се стави крај на „должничкото ропство“ на граѓаните кон фирмите кои даваат брзи кредити, а потоа „дебело“ си го наплаќаа долот.

 

 

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за облигациски односи и на Законот за извршување, со кои драстично се  намалуваат вкупните трошоци за брзи кредити, кои не можат да бидат поголеми од 60% од кредитот. Со законските измени се очекува да се намали можноста од алтернативни заработувања со камати, како и стимулирање на доверителите за поефиканса и побрза реакција.

Народниот правобранител, Насер Зибери уште минатата година иницираше да се ограничи каматата на долговите кон извршителите. Тој во октомври, достави иницијатива казнената камата да не може да биде поголема од главниот долг. Поради овој проблем има граѓани кои цел живот се должници кон доверителите, поради ниските примања и превисоките камати. Со овие законски излеми се става крај на праксата со која за брз кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.
Извор: слободенпечат.мк

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *