На 25 февруари 2017 година во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ се оддржа општински натпревар по математика, на кој учествуваа 22 ученика од четврто до девето одделение, од централното и подрачните училишта.
На натпреварот учениците освоија 5 втори награди, 3 трети награди и 6 ученици се пофалени. Овие ученици обезбедија учество на регионалниот натпревар кој ке се одржи на 01 април 2017 година.
Одговорни наставници за оддржувањето на натпреварот беа Валентина Ристова и Драган Соколовски.