Свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ги поканува верниците за заедничко чествување на храмовиот празник

Македонска Каменица, 25. Агуст 2023 година – Свештенството при Светиот храм во Македонска Каменица упатува покана до верниците за заедничко чествување на храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Текстот со поканата и известувањето со распоредот на служење на богослужбите и литургиите, по повод чествувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, ви го пренесуваме во целост:

 

Почитувани,
по повод храмовиот празник, црковното настојателство и свештенството при храмот Св. Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица, ве поканува на заедничко чествување на празникот.
Во недела на 27.08.2023 година со почеток во 17:00 часот, ќе биде вечерната Богослужба. На празникот Голема Богородица, во понеделник на 28. Август, со почеток во 07:00 часот ќе биде утрената литургија, а во 08:00 часот е Светата Божествена Литургија.
Оние кои имаат благослов ќе имаат можност да се причестат. Деца до 7 години можете да бидат причестени без претходна подготовка , односно без постење. Од свештенството при храмот.
Христос посреде нас!

 

За многу години, браќа и сестри христијани!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *