ЕВРОПСКИ КВАЛИТЕТ ВО ГРАДЕЊЕТО НА СОВРЕМЕНИ ДОМОВИ ЗА ВАШЕ МОДЕРНО И УДОБНО ЖИВЕЕЊЕ
Друштвото за изведување на градежни и градежно занатски работи НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Македонска Каменица е градежна компанија која постои и успешно функционира од 2005 година.
НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ е современа компанија која поставувајќи највисоки стандарди во работењето креира нови и модерни трендови во градежништвото и архитектурата.
Веќе седумнаесет години НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ е градител на вашите модерни домови за живеење и објекти кои ги отсликуваат основните цели на компанијата: квалитет, функционалност и стабилност.
Преку имплементирањето на квалитетни материјали, со спроведување на највисоки стандарди за квалитет на градба, со примена на современи методи и опрема резултираат со постојано усовршување на компанијата и напредок во сите сегменти од работењето.
НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ со врвен квалитет изведува модерни и современи станбени објекти за домување, гради деловни, индустриски, спортско-рекреативни објекти. Изведува градежни работи за реставрација и реконструкција на ентериери и други завршни работи.
Како потврда на доброто и современо менаџирање и работење, НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ се здобива со сертификат за Систем за управување со квалитет (IASS:2020-2022), Систем за интеграција и исполнување на стандардите за управување со животна средина (ISO 9001-2015) и сертификат за општествено одговорна компанија со добиена препорака за користење на нивните производи/услуги сега и во иднина.
Општествената одговорност на компанијата не почнува и завршува само со нејзината основна мисија во градежништвото, НИКО СТИЛ ИНЖИНЕРИНГ помага манифестации, спортски клубови здруженија на грашани и зема учество во останатите гранки од општествениот живот.