Нова победа и нови три бодови за екипата на ЖФК Каменица САСА со победата над ЖФК Топ Гол од Битола. Во рамки на 18. Коло од Првата македонска фудбалска лига, ЖФК Каменица САСА славеше со високи 0:6.
“Одигравме одличен натпревар, сосема очекувана и рутинирана победа на нашите девојки, кои прикажаа квалитет и класа на кои, сепак домашната екипа не изнајде начин да парира” – изјави стратегот на каменичани, Зоран Златковски
Стрелци на головите за ЖФК Каменица САСА беа Ана Димитровска (4), Елена Паневска (1) и Пејтон Чик (1)
Со оваа победа ЖФК Каменица САСА, актуелниот шампион на Македонија останува во игра за лидерската позиција и трикратно освојување на титулата.