Забележани мртви риби во река Брегалница кај делчевските села Драмче и Бигла, – алармираа сточари од атарот на наведените села во текот на вчерашниот ден
Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочува дека рибокрадство е причина за оваа појава:
– Логично, ваквата појава е од рибокрадци, кои фрлаат динамит кај Биглата. Нема од што друго да биде – истакна Симоновски.
Спортското риболовно друштво и повеќе здруженија на граѓани и организации веќе најавија прес конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот.
Извор: vecer.press.mk
Линк од видеото објавено вчера: https://www.facebook.com/share/v/94nzDWCoZ6oQpYrm/?mibextid=oFDknk