ПРОЧИТАЈТЕ: Мега засилување во редовите на Баскет Кам

Освојувачот на двојната круна во македонската женска кошарка Баскет Кам се договори со црногорската репрезентативка Снежана Алексиќ.

Кошаркарката која игра на бековските позиции доаѓа од тимот на Монтана од Бугарија. Во својата професионална кариера Алексиќ ја почнала на 16-годишна возраст во тимот на Будуќност, а потоа играла во Хрватска, Грција, Русија, Турција, Унгарија, Швајцарија, Шпанија и Аргентина пред да ја засили Монатана.

Покрај сето ова, Алексиќ има настап на шест европски првенства со црногорската репрезентација, вклучувајќи го последното што се одржа минатиот месец во Франција и Шпанија.

Со ангажманот на црногорската кошаркарка, Баскет Кам почнува со составување на тимот кој претстојната сезона не само што ќе се обиде да ја одбрани двојната круна во македонската кошарка, туку и ќе дебитира во ВАБА лигата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *