Природен ПРОПОЛИС – нов пчелин производ од широката палета на „Медот на Боге“

Прополисот како пчелин производ од широката палета од „Медот на  Боге“доаѓа во шише со пумпица од 20 мл. по цена од 150 денари.
Нарачајте од Медот на Боге
Контакт телефон: +389 72 744 430

 

Научно е докажано дека Прополисот со своите својства е чист природен антибиотик. Помага во лекување на воспалителни процеси на органите за варење, респираторните и гинеколошките органи, афти, гастрит, чир, ринитис, асматичен бронхитис и други заболувања.
Утврдено е дека позитивно дејствува на дијабетисот со намалување на шекерот во крвта, без негативни ефекти на работата на бубрезите и црниот дроб…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: „Медот на Боге“ – Природен мед со врвен квалитет на пазарот

Прополисот има широка употреба во дерматологијата: третирање на рани, изгореници, егземи, габични заболувања. Специфичниот состав на прополисот ја одредува неговата употреблива вредност како производ со изразени биолошки активности, кои во некои европски земји (Германија, Швајцарија) се третира како лек, а во повеќе други (Австрија, Франција, Шпанија, Јапонија, Бразил, САД) тој се третира како додаток во исхраната. Skenderov and Ivanov (1986) даваат преглед на истражувањата на биолошките својства на прополисот.
Од многубројните биолошки својства кои ги покажува прополисот најрано била утврдена неговата активност против бактериите од Kivalkina во 1948 година. Таа го испитувала дејството на екстракти од прополис врз 19 видови патогени и непатогени бактерии и утврдила дека прополисот има бактерицидно (ги уништува бактериите) и бактериостатично (го задржува развојот на бактериите) дејство.

Прополисот како производ од широката палета од Медот на  Боге, доаѓа во шише со пумпица од 20 мл. по цена од 150 денари.
Нарачајте од Медот на Боге
Контакт телефон: +389 72 744 430

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *