По преземени активности од страна на полициски службеници од ОВР Виница, вчера беа лишени од слобода Џ.У. (26) од Радовиш и виничанците А.И.(18), Е.М. (21) и С.И. (26), поради постоење основи на сомнение дека во Виница извршиле осум кривични дела „тешка кражба” од куќи, викендици, маркет и пункт за отпад и по едно кривично дело „одземање на моторно возило” и „кражба”.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.
По комплетирање на случаите против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.