Иницијатива: „Дарувај книга – размени книга“

Во насока на подобрување на услугите кои ги нуди Градската библиотека во Македонска Каменица и зголемување на фондот на нови книги кои ќе можат да ги користат граѓаните на нашата општина, група ентузијасти ја започна иницијативата „Дарувај книга – размени книга“.

Учество во реализацијата на оваа иницијатива земаат и градската библиотека, невладиниот сектор, приватни компании и Општина Македонска Каменица – дел од општинска администрација задолжен за родова еднаквост и еднакви можности за сите.

Целта на иницијативата е да им се овозможи на каменичани пристап до поголем фонд на книги од различни жанрови, збогатување на нивните знаења и подобра промоција на македонската и светската литература.

Неколку општествено одговорни компании од Македонска Каменица веќе позитивно одговорија и се вклучија во иницијативата „Дарувај книга – размени книга“ и во многу краток рок градската библиотека ќе добие стотици нови наслови.

Иницијативата медиумски е поддржана од www.kamenica.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *