
Рафаел Надал е освојувач на овогодинешното издание на Австралија опен откако со 3:2 го совлада Даниил Медведев во финале кое траеше повеќе од 5 часа.
Русинот доминираше на почекот лесно добивајќи го првиот сет со 6-2, а потоа го доби и вториот по тешка битка со 7-6.
Шпанецот беше на работ на убедлив пораз, но потоа се разбури и наредните два сета ги доби со по 6-4 за да израмни на 2:2.
Решавачниот сет, нормално, се играше на продолженија откако беше 5-5. Надал беше посконцентриран и успеа да дојде до 7-5 и за него само втора титула на Австралија опен. Првата ја освои пред 13 години, во 2009.
Медведев со поразот остана и без првото место на АТП листата каде и натаму е Новак Ѓоковиќ, кому австралиските власти не му дозволија да го брани пехарот бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
Овој пехар за Надал е рекорден бидејќи сега има вкупно 21 грен слем титули.