Полициска акција на Табановце, се приведуваат полицајци и цариници

Вечерва за влез во Македонија на граничниот премин Табановце се чека и по повеќе од три часа. На преминот се излезени голем број незадоволни патници, но и полицајци и цариници. Во тек е полициска акција во која се приведуваат полицајци и цариници, а нивните колеги се излезени во нивна одбрана. МВР за утре најавува повеќе детали.

 

„Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, е краткиот одговор од МВР.

 

ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица

 

Очевидци велат дека со часови не бил пуштен ниту еден автомобил и дека немаат никаква информација што се случува.

Izvor: mkd.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *