Познати и првите жртви од палењето на Бадников оган

Две лица на возраст од 39 години се здобиле со телесни повреди откако маж од село Кучевиште удрил во нив со џип марка „Мерцедес“. Настанот се случил синоќа по полноќ околу 1.40 часот во скопското село Мирковци, додека мештаните го славеле Бадник со запален оган.

Околу бадниковиот оган биле присутни повеќе граѓани, кога им се доближил И.П. од Кучевиште и им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази.

Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од с.Мирковци. После тоа, И.П. избегал во непознат правец.

Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, двајцата биле пуштени на домашно лекување. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *