Познати имињата на наградените автори од Конкурсот за хумористична поетска творба распишан од ЗРА “Пијанечки Глас”

По распишаниот конкурс за хумористична поетска творба по повод 1. Април – Денот на шегата, ЗРА “Пијанечки Глас” ги објави резултатите во категориите за ученици од основни училишта и категорија за возрасни.

Во Категорија – ученици од основни училишта:
II награда – На прошетка , Бисера Владимировска, ООУ„Кирил и Методиј“ Македонска Каменица
III награда – Први април – ден на шеги, Лина Стојковска, ООУ„Кирил и Методиј“ Македонска Каменица
III награда – Априли-ли, Стефанија Стефанова, ООУ „Кочо Рацин“ с.Блатец

Во категорија за возрасни автори, жири комисијата во состав Миле Ѓорѓијоски, Васил Маневски и Дијана Петрова, не доделија награди за пристигнатите творби.

Учесниците на Конкурсот ќе добијат Благодарница за учество од ЗРА „Пијанечки глас“ Делчево и Меѓународниот фестивал„Јаков од Камена Река“ од Македонска Каменица, од каде на сите автори им се заблагодаруваат за учеството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *