Победи на младинските категории на Каменица САСА во натпреварите против Партизан ФК од Скопје

Македонска Каменица, 11.04.2021 година – Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра редовното коло за младинските категории на ФК Каменица Саса. Помладите пионери против соодветната екипа на Партизан Фудбал Кидс од Скопје и славеа со минимални 1:0. Голот го постигна Михаил Стаменковски од пенал во вториот дел од натпреварот. Со оваа победа избраниците на Дејан Михаилов се на делба на првото место со исто бодови со Милано од Куманово.

Пионерите беа поубедливи во победата. Тие, екипата нa Партизан Фудбал Кидс ја победија со 3:1. Стрелци на головите беа Николовски, Стоилковски и Антовски. Избраниците на Блажо Николовски се на 3. место на табелата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *