Вчера се одигра редовното 7. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, во кое екипите на
ЖФК Скопје 2014 и ЖФК Каменица САСА одиграа со резултат 0:3 во корист на гостите од Македонска Каменица.
Стрелци на головите за екипата на Каменица САСА беа Ана Димитровска (2) и Туане Фрагосо (1).
– Тврд натпревар на тешкиот за гостување терен во Скопје. Сепак постигнавме три гола и стигнавме до планираната победа. Честитки за целиот тим, за добрата игра, – стои во објавата од клубот
ЖФК Каменица САСА со освоени 19 бодови е лидер на табелата во Првата женска фудбалска лига на Македонија, пред струмичка Тиверија, Јунајтед од Струга и Љуботен од Тетово. Сите имаат по 13 бодови.