Според српските медиуми, тој бил бил контактиран од федерација на држава чие име засега се чува во тајност, а од каде што му бил понуден договор вреден огромни 10 милиони евра. Шпекулациите се дека Стојковиќ ваква богата понуда би можел да добие само од Блискиот Исток, поточно од Саудиска Арабија, која има премногу пари, но засега не може да обезбеди звучно европски име кое би седнало на кормилото на репрезентацијата.
Популарниот Пикси има договор до 2026 година со предводниците на српскиот фудбал, но последните неуспеси се причина што се погласни се шпекулациите дека е прашање само на ден кога ќе добие отказ.