Патниот и авиосообраќајот отежнати поради густата магла

Поради магла на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје  изутрината се откажани летовите од и за Истанбул, а доцнење од час и половина има на летот од Виена, за каде пак полетувањето треба да се реализира исто така со доцнење од еден час, покажуваат податоците на веб страницата на скопскиот аеродром.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се превдидени полетувања и слетувања.

Според АМСМ маглата ја намали видливоста на повеќе патишта низ државата. Во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Битола видливоста е од 100 до 150 метри, во Куманово 50 до 100 метри, во Тетово 50 до 60 метри, Павлешници 30 до 50 метри, додека во Велес, Катланово-Велес и Отовица-Катланово до 100 метри.

Од УХМР пак, информираат дека до среда ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност, но позначителна промена проследена со врнежи и северен ветер се очекува од петок преку денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *