Отстранет дефектот на водоводната линија

Македонска Каменица, 03.10.2021 година – Отстранет е дефектот на водоводната линија, поради кој во текот на денешниот ден, граѓаните на Македонска Каменица останаа без вода за пиење.

Нормализирање на состојбата со водоснабдувањето на територијата на Македонска Каменица се очекува во наредните 2 до 3 часа, – изјавуваат од ЈП Камена Река дополнувајќи дека настанатиот дефект е од поголеми размери, дека станува збор за пукнатина на водоводната мрежа од 6 метри.

Упатуваме извинување до граѓаните, барајќи разбирање за несаканиот прекин во снабдувањето со вода. Се надеваме дека со упатениот апел за рационално користење на водата, наидовме на разбирање, со што си помогнавме и успеавме полесно да го надминеме овој проблем, – стои во соопштението од ЈП Камена Река

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *