Отец Даниел Стојчевски отслужи Панихида во спомен на македонскиот научник д-р. Атанас Коцарев на градските гробишта во Бонди, Франција

Во неделата на православието, нашиот сограѓанин и патохиски свештеник при МПЦО – “Св. Кирил и Методиј” – Пантан, протоереј отец Даниел Стојчевски, на градските гробишта во градот Бонди, отслужи Панихида во спомен на големиот македонски научник д-р. Анастас Коцарев.

Во рамки на настанот, градоначалникот на град Бонди г-дин Стефан Ерве, претставниците на Македонското здружение – “Заборавени Македонци” и еден од потомците на д-р. Анастас Коцарев, д-р. Предраг Николовски од Италија) и семејството Пинел (Женевјев Брине од Париз), положија венци.

Потоа во Македонската Православна Црква – ” Св. Кирил и Методиј” – Пантан, беше отслужена Света литургија. По завршувањето на службата во големата црковна сала, во присуство на бројни верници, меѓу кои и ВД амбасадорот на Република Македонија во Франција г-дин Габриел Атанасовски, беше одржан музички омаж од страна на нашата позната флејтистка Елена Стојчевска и Роман Петио (гитара).

🕇ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС 🕇

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *