Општина Македонска Каменица привремено го прекина приемот на странки и приемни денови

Македонска Каменица, 12.03.2020 година – Почитувајќи ги препораките на Владата за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот општина Македонска Каменица објави соопштение до јавноста за прекин на прием на странки и приемни денови кај градоначалник на Општината. Дополнително во соопштението е приложена контакт листа од вработени во општинската администрација преку која граѓаните ќе можат да стапат во контакт со службите на ЕЛС Македонска Каменица.

Текстот од соопштението и контакт листата од вработени Ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани,

Ве известуваме дека привремено се укинуваат приемните денови и прием на странки во општина Македонска Каменица, во сите сектори и одделенија на локалната самоуправа.

Ова е резултат на превентивните мерки издадени од Владата на Република Северна Македонија и Министерство за здравство, со цел да има помала фреквенција на лица во институциите и  да се спречи ширењето на коронавирусот.

Сите заинтересирани граѓани можат да продолжат со секојдневна комуникација со Општината, преку приложените официјални e – mail адреси и телефонски броеви, како и на социјалните мрежи.

 Ви благодариме на разбирањето

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *