ОД ШТО НАЈМНОГУ СЕ ПЛАШАТ СКОПЈАНИ?

Отворени шахти

Капаците од шахтите на ЈП „Водовод и канализација” спаѓаат меѓу најомилените предмети за крадење. Завршуваат на црниот пазар за старо железо, а скопјани, пак, често не успеваат навреме да ја избегнат отворената дупка и завршуваат на клиника со скршеница.

Градежни скелиња

Градежната експанзија го наполни Скопје со градежни скелиња. Ги има насекаде. Независно дали за потребите на некоја фасада, нови балконски решенија или за целосна реконструкција на објект. Па, човек по автоматизам се фаќа за глава кога ќе помине под некое скеле.

Кучиња-скитници

Кучето е човековиот најдобар пријател. Го следи ако му дарува внимание, но втерува и страв ако не го познава. Многумина воопшто не размислуваат два пати, па бараат алтернативни патчиња кон дома кога ќе налетаат на глутница кучиња скитници.

Диви депонии

Еден човек годишно генерира околу 350 килограми отпад. А, скопјани често употребуваат имагинација и ги декорираат јавните простори со свои душеци, дрвенарија, ќеси, амбалажи, градежен шут. Депониите оправдано предизвикуваат страв од зарази.

Банкомати

Банкомати има на секој чекор. Колку и да звучи нелогично, трансферите со пари се тензично искуство. Некои се плашат банкоматот да не им ја лапне картичката кога вадат кеш, а други од „снимачи” кои чекаат одзади за да дојдат на ред за земање пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *