ОДЛИЧНА ВЕСТ: Адиџат Адамс од Баскет Кам е МВП на колото во ВАБА лигата

Баскет Кам уште не може да се пофали на терен (има две службени), но затоа, првпат во своето постоење и во својата дебитантска сезона во ВАБА доби МВП на колото. Станува збор за американската интернационалка Адиџат Адамс која беше убедливо најдобра во поразот од Триглав.

За разлика од АБА, во ВАБА за играч на колото се прогласува кошаркарката со највисок индекс, без разлика дали нејзиниот тим победил или загубил, па така и Адамс се закити со ласкавото призание. Против Триглав (пораз од 74-78) таа постигна 20 поени со шут за два 7/8 и 6/7 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште 17 скока, 2 асистенции, 1 украдена топка и 3 блокади за вкупен индекс 3.

Ова е вторпат во кариерата, Адамс да го добие МВП признанието во ВАБА, откако тоа ѝ припадна и во 2019 година, како член на Берое.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *