Огромен интерес за натпреварот во Краснопис помеѓу учениците од II до IX одделение во ООУ “Св. Кирил и Методиј”, одржан во рамки на Меѓународниот фестивал “Јаков од Камена Река” – првиот македонски печатар. Свечената фестивалска вечер ќе се одржи во четвррок на 07. Декември 2023 година, со почеток од 18:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица.
– Имавме две категории на натпреварувачи, една за ученици од одделенска настава и другата за учњниците од предметната настава. Тука, учениците ја демонстрираа вештината во пишување, препишувајќи ја песната ,,Денови,, од Кочо Рацин, – стои во објавата од училиштето, од каде додадоа дека, од одделенска настава учествувале 25 ученици, а од предметна учествувале 29 ученици.
– Најдобрите четири, по две од категорија, ќе учествуваат на Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река” Македонска Каменица, каде следува финален натпревар во Краснопис како вештина на убаво пишување, – истакнуваат ос училиштето.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ФЕСТИВАЛОТ: Македонска Каменица е домаќин на првиот Меѓународен фестивал организиран во чест на Јаков од Камена Река – првиот македонски печатар
Училиштето ги објави имињата на најдобрите ученици во двете категории:
Стефан Ангелов II б одделение, ментор Ленче Спасевска; Бисера Владимировска V б одделение, ментор Сања Ангеловска Крстевска; Миа Паунова VII б одделение, ментор Марина В. Стојановска; Јана Илиева VII б одделение, ментор: Марина В. Стојановска.
Честитки до пласираните ученици на Меѓународниот фестивал, учениците учесници во натпреварот и до менторите и членовите на Комисијата за вреднување на трудовите по Краснопис. Со желби за успех на финалниот натпревар на фестивалската вечер во четврток.