Обид за силување во Кочани. Жената ја спасила сестрата на силувачот. Инцидентот се случил во домот на 33-годишната жена, каде напаѓачот бил чест гостин.
Овој пат немарата не му била ни пријателска ни чесна, па тој на домаќинката и се нафрлил како маж, а не како пријател на семејството. За да дојде до целта, бил исклучително агресивен, па жената била и насила влечена и сериозно тепана.
За нејзина среќа, дома кај неа дошле и сестрата на напаѓачот и неговата стрина кои успеале насилникот да го совладаат, а жената да ја спасат.
Случајот веднаш е пријавен во полиција, а против напаѓачот 27-годишник со иницијали С.М. е поднесена кривична пријава за „силување во обид“.