Нов тренд во светот – кафе во корнет!

Кафето еден од најпосакуваните пијалаци во текот на денот, посебно наутро заради неговото дејство врз организмот. Најголемото задоволство е со првата голтка. Но, замислете вашето омилено кафе да биде послужено на необичен начин – во корнет!

Инстаграм нè запозна со некои од најдобрите и најчудните трендови за храна во светот. Последното нешто кое е актуелно е кафе во корнет(#CoffeeInACone)

Овој тренд почна некаде во месец мај, но последниве неколку недели стана вистински хит. Луѓето постојано ставааат фотографии од нивното дневно кафе кои изгледаат неодоливо.

“Виновникот” за овој тренд е компанијата од Јоханесбург, Јужна Африка, The Grind Coffee Company, која го измисли како своевиден потпис на нивниот пијалак. Мало лате во чоколадиран корнет со крем, чиј вкус е неодолив во текот на пиењето.

Сервирано на овој начин, ќе ги натера дури и оние кои не пијат кафе, да пробаат барем една голтка.

Хаштагот има повеќе од 1500 постови и секојдневно оваа бројка се зголемува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.