Новата победа ја однесе ЖФК Каменица САСА на лидерската позиција во ПМФЛ

Македонска Каменица, 08.11.2020 година – Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица, во рамки на 11 коло од Прва ЖФЛ се одигра дербито на колото во кое што се соочија ЖФК Каменица Саса и ЖФК Скопје. Стрелци на головите за домашната екипа се АнаДимитровска, Марјана Нацева Ману и Пале Николовска.

Значајни три бода, постигнати со одлична и колективна игра. Успеавме да постигнеме три гола и да создадеме уште неколку шанси во кои гостинската голманка добро реагираше и спречи поголема резултатска разлика. Во одбрана изигравме доста стабилно со што не дозволивме гостите да создадат чисти шанси пред нашиот гол. На гостинската екипа им посакуваме многу успеси во иднина, – изјави стратегот на каменичката екипа, Зоран Златковски

Во фер и коректен натпревар до супер важни три бода стигнаа ЖФК Каменица Саса со триумфот од 3:0. Со новите бодови, сега тие се на врвот на табелата со 30 бода, пред второпласираните ЖФК Ас Јунајтед од Струга со 28 бода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *