На 13. Август ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на дијаспора на Еленец во село Цера.
Македонска Каменица, 31. Јули 2023 година – На 13. Август 2023 година ќе се одржи 8. Манифестација Ден на Дијаспора. Настанот е во организација на Општина Македонска Каменица и КИЦ “Романса”.
Манифестацијата ќе се одржи на Манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, со почеток од 11:00 часот. На средбата со иселениците и годинава е предвидена богата културно уметничка програма.
Од КИЦ ” Романса” упатуваат предупредување до посетителите за зголемена внимателност при движење на отворен простор, поради постоење на можност од лесно предизвикување на шумски пожари.