На Денот на независноста Истибања добива “Мост на саканите”

На Денот на независноста 8. Септември 2022 година, село Истибања добива “Мост на саканите”.

Станува збор за мост на реката Брегалница, кој со себе носи историско значење, особено од периодот на Втората светска војна. Во непосредна близина на истиот се наоѓа и споменик на паднати борци во тој период од овој крај.

Иницијативата на оваа идеја доаѓа од Стојко Митковски, долгогодишен работник од културата, кој родната Истибања ја промовира во рамки на Фолклорниот ансамбл “Китка”, организатор на најголемиот фолклорен настан во регионот и државата “Истибањско здравоживо”.

Веќе е поставен првиот катанец, како симбол на љубовта помеѓу луѓето и љубовта кон татковината. Се надеваме дека Мостот на саканите ќе биде уште една убава посебност на Истибања, која е реализирана од страна на Пане Христов, исто од село Истибања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *