Компанијата „Alphabet Inc.“ во текот на идните неколку месеци, на својата платформа „YouTube“ ќе покренат нова услуга која ќе нуди директен пренос на содржините од четирите водечки американски телевизиски мрежи, како и кабловски програми.
Новата услуга ќе се нарекува „YouTube TV“, а ќе чини 35 долари месечно за шест кориснички сметки.
Во понудата се вбројуваат повеќе од 40 телевизиски мрежи, меѓу кои и „ESPN“ компаниите „Walt Disney Co“, како и оригиналната „YouTube“ продукција која авторски ја потпишуваат претплатниците на платформата „YouTube Red Originals“.
Со тоа „YouTube“ ќе влезе во конкуренција со сличните услуги на компанијата „Dish Network Corp (Sling TV)“, „AT&T (DirecTV Now )“ и „Sony Corp (PlayStation Vue)“, насочени на привлекување на гледачи кои отстапиле од традиционалните телевизиски пакети, или пак никогаш не ги ни имале.