Над 200 музичари од Истокот со музика за душа и песни до зори ја прославија својата шестта по ред “Музичка Вечер”

Музичката вечер во Делчево собра 200 музичари и љубители на музиката од Истоков. Меѓу нив во музиката на младите колеги, уживаше и најстариот кларинетист на вечерта, 61-годишниот Славе од М. Каменица.
Mногу убава вечер, уживамвакво нешто првпат доживувам, кажа Славе Крстевски, кларинетист од М. Каменица.
Домаќините „Национал бенд“ од Делчево задоволни што успеаја во Делчево да ги донесат врвните музички имиња од регионот.
Имаме над 200 музичари од источниот регион, но и многу гости кои не се музичари, рече Злате Јовановски, Национал Бенд-Делчево.
Се собравме музичарите, да размениме искуства, па можеби ќе договориме и некоја тезга, кажа Кире Цоневски, Мики бенд-Делчево.
Животот со музика не е лесен и тој зависи од вкупната состојба во државата рефлектирано во расположението на гостите, ни рекоа доајените од групата Диези од М. Каменица, која постои веќе 30 години, а нивните настапи по светот ги направија и најпопуларна група од регионот.
Порано имаше многу насмеани лица, денеска не е така, ако публиката е расположена и ние ќе имаме инспирација за свирење, изјави Горан Огњановски, Диези- М.Каменица.
Музичарите, сепак, проговорија и за квалитетот на музиката што се нуди како производ на гостите.
Порано имаше секоја група по 5-6 членови, денес не е така, делчево беше расадник за музичари, а сега со синтисајзер, секој свири, смета Огњановски.
Натсвирувањето на музичарите траеше до доцна во ноќта, а седмата музичка вечер ќе ја испишуваат музичарите од Берово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *