Вчера околу 13.00 часот, во атар на с.Крупиште-општина Карбинци, на место викано „Жигански дол“, 51-годишниот ловџија Д.М. од с.Крупиште, кој бил на лов, при обид да ја симне ловната пушката од рамо, истата испукала и го погодила во десното стапало.
На повредениот ловџија му била укажана медицинска помош во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. За настанот е информиран Јавен обвинител, а увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.