МВР со детали за синоќешната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Македонска Каменица – Кочани

На 01.03 2024 во 18.10 часот во Полициската станица Виница, како што стои во Дневниот билтен на МВР, било пријавено дека на магистрален пат А3 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со винички регистарски ознаки, управувано од Г.И.(52) од с.Јакимово, виничко и товарно возило „сканиа“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(39) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.И. констатирани во Клиничка болница Штип, додека неговата сопатничка Л.Е.(46) од Виница се здобила со телесни повреди, – стои во билтенот на МВР

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, а како што известивме синоќа, сообраќајот на оваа магистрална делница беше во целосен повеќечасовен прекин.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *