Македонскиот гол мајстор Влатко Стојановски преминува од Шкендија во шампионот Шкупи!

Од Шкендија во Шкупи, ова е трансфер – бомбата во преодниот рок. Влатко Стојановски и раководството на шампионот имаат договор, па во секој момент се чека и на промоцијата на напаѓачот кој ќе биде големо засилување за тимот на Гоце Седлоски.

Познато е дека Стојановски беше во Шкендија минатата есен, но не одигра според вкусовите на тетовци, следуваа разговори за раскинување на договорот, па така сега Влатко се одлучи да ја прифати понудата на Шкупи.

Тој на Чаир доаѓа како слободен играч откако предмалку тетовци официјално објавија дека повремениот репрезентативец не е веќе дел од нивниот табор.

Кога сме кај кариерата на Влатко Стојановски, покрај Шкендија, тој досега беше член и на екипите на Металург, РНК Сплит, Ренова, Ним, Шамбле, Горица…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *