Македонска Каменица е домаќин на 56-от Државен натпревар на млади техничари и природници на Македонија

На 06 април 2019 година, во Македонска Каменица ќе се одржи 56-от Државен натпревар на млади техничари и природници од Република Македонија во организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Македонија – Народна техника и Сојузот на клубови на млади истражувачи и природници на Македонија и Народна техника Берово.

На овој натпревар, кој со почеток од 10 часот, ќе се оддржи во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, учество ќе земат 510 ученици од основните училишта од повеќе градови во Република Македонија. Младите техничари и природници, меѓу кои и ученици од основното училиште во Македонска Каменица, ќе имаат можност да ги презентираат своите научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *