Македонија со 63% е земја со најголеми загуби на вода во регионот

Македонија е меѓу земјите со највисоки загуби на вода во регионот. Согласно податоците за 2023 година, загубите на ниво на цела држава изнесуваат меѓу 62 и 63 отсто.

Според Регулаторната Комисија за енергетика, за намалување на загубите на вода од извор до чаша потребен е континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа, како и оптимизирање на бројот на вработени во јавните комунални претпријатија. Крајното решение го гледаат во преземање на целосна надлежност на регулаторот во формирање на крајната цена за водните услуги.

– Гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на команиите, гарантираме дека ќе овозможиме поголем број на инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво, а притоа нема да предизвикаме никакви ценовни шокови. Со намалувањето на загубите, ќе се зголемат количините што ќе се фактурираат и на тој начин, нема да има никакви потреби од зголемување на цената за водните услуги.- Марко Бислимовски – претседател на РКЕ

Ова беше истакнато на 32 Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија, што се оддржа денеска во Скопје. Асоцијацијата брои 35 регулаторни тела што го следат секторот за води и овозможуваат заштита на повеќе од 400 милиони потрошувачи во Европа. Претседателот на асоцијацијата Андреа Гуерини посочи дека нејзината цел е да ги усогласи дејствата на европските регулаторни тела преку поттикнување соработка, размена на знаења и искуства.

 

Извор: Канал5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *