Лутите ривали ЖФК Каменица САСА и Љуботен во битка за трофејот од Купот на Македонија 2024

Нашата екипа ЖФК Каменица Саса и тетовски Љуботен ќе играат во битката за трофејот во Куп на Македонија, во реприза на минатогодишното финале во најмасовното клупско фудбалско натпреварување.

Фудбалерките на Љуботен без поголеми проблеми во полуфиналето ја совладаа Тиверија со 5-1, додека Каменица Саса, на домашен терен, триумфираше против битолскиот Топ Гол со 2-1.

Годинашното финале ќе се игра на 15 мај од 16 часот на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес.

Трофејот го брани Љуботен кој лани во финалето во Ѓорче Петров славеше убедливо со 4-0. Двете екипи водат голема битка и за титулата во шампионатот. Во моментов, Љуботен има еден бод предност пред екипата на Каменица Саса.

Извор: ekipa.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *