Која боја на автомобили најмногу држи цена, а кои најмногу губат на вредност?

Нова студија ја поврзува бојата на автомобилот со губењето на вредноста на возилото со текот на времето.

Пазарот на половни автомобили го следи пазарот на нови автомобили во однос на трендовите на цените. Меѓутоа, кога станува збор за изборот и понудата на бои, важат некои други правила. Ова е потврдено со студија направена на 1,3 милиони возила од моделот 2020 година, кои беа анализирани од iSeecars помеѓу август 2022 и март 2023 година.

При споредбата на цените и падот на вредноста на автомобилите, земена е во предвид инфлацијата, а потоа цените се споредуваат според бојата и типот на возилото. И резултатите се изненадувачки.

Без разлика на типот на возилото, жолтата е секогаш најценета боја. Иако ретко е прв избор на купувачите при купување ново возило, жолтата боја подобро котира на половниот пазар. По три години, автомобилот губи околу 22,5 отсто од вредноста, додека жолтите автомобили губат само 13,5 отсто.

На второ место е беж бојата со пад на вредноста од 17,8 отсто. Повторно следат егзотичните бои портокалова, зелена и црвена. Белата, сината и сивата се исто така над пазарниот просек. На другиот крај на скалата, неславното последно место го држи златната боја. Тие автомобили по три години губат дури 25,9 отсто од вредноста.

Во случај на кабриолет, просечниот пад на вредноста на возилото по три години е 25,9 отсто, но ако е жолт, тогаш падот е 15 отсто. Кај купеата просекот е 12,2 отсто, а кај жолтите само 5,6 отсто. Најголемата разлика е видлива во доменот на теренците. Тие губат просечна цена од 24,8 отсто, но ако се жолти, падот е само 9,1 отсто.

Вреди да се каже дека студијата го опфаќа американскиот пазар, а само изборот на боја на пазарот на половни возила стари до три години значи разлики во цените и до 5.000 долари.

Дали мислите дека овој тренд важи и на нашиот пазар на половни автомобили или бојата не влијае на цената?

пишува: kajgana.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *