Кочо Анѓушев во САСА : ВЛАДАТА ПОДГОТВУВА ЗАКОН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА РУДАРИТЕ

Анѓушев во „Саса“: Владата подготвува мерки за подобрување на условите на рударите

Заменик на претседателот на Вадата задолжен за еконмски прашања, д-р Кочо Анѓушев денеска го посети рудникот “Саса” во Македонска Каменица каде  оствари работна средба со раководството на рудникот. Вицепремерот Анѓушев, заедно со генералниот директор г-дин Стивенсон разговараа за состојбата и предизвиците во рударскиот сектор , како и за тоа како да се развива оваа гранка согласно европските стандарди. Во фокусот на разговорот беше како да се унапреди статусот на работниците во рударскиот сектор.

„Разговаравме за задоволување на европските  стандарди и норми во практикување на рударство во Саса и во останатите рудници. Раководството ни ги презентираше  развојните проекти и какви чекори ќе превземат за заштита на животната околината. Разговаравме и како да се подбрат  работните услови на работниците. Во Владата во тек е подготовка на активности околу подобрување на состојбата на работниците во рударството. Ги информиравме за активностете, тие се подготвени да соработуваме и заеднички да работиме на подобрување и унапредување на условите на работниците„ истакна вицепремиерот Анѓушев, кој посочи дека рудниците се значаен извор на приход во Р.Македонија.

Вицепремиеот Анѓушев на работнито состанок го информираше раководството за мерките што се подготвуваат за поддршка на стопанството, а се однесуваат за сите компании што ќе инвестираат во развој без оглед дали се стански инвестиции или домашни компании. Од Саса изразија спремност за соработка и искажаа задоволство од најавените мерки.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *