Конечно: Лиде Лиде и Филипче ќе пијат кафе после кризата со Ковид 19

Министерот за здравство Венко Филипче, кој беше гостин во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21 вети дека веднаш после завршувањето на пандемијата, ќе пие кафе со неговата обожавателка Лиде Лиде, која јавноста ја запозна преку коментарите на прес-конференциите на министерот во кои постојано го поканува на кафе и разговор.

Нејзините коментари често стануваа вирални, па дел од корисниците на социјалните мрежи бараа од Филипче да го прифати нејзиното барање.

Филипче беше прашан: Ваша гледачка на прес-конференциите под името Лиде Лиде постојано ве кани на кафе, дали ќе пиете кафе со неа?

– Еве веднаш штом ќе помине оваа криза „да, ќе пијам“, одговори Филипче со насмевка.

Тој уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за одржување на растојание и носење на маска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: