Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ од Македонска Каменица триумфално ја започна новата натпреварувачка сезона. Во сабота, на гостински терен во Куманово победа извојува генерацијата М-16. Совладана е екипата на Пинк Пантери со резултат 71:81, а најдобри стрелци во победничкиот тим беа: Кире Блажевски (32 поени), Никола Орлов (12 поени) и Дамјан Тодосиев (11 поени).
Вчера (недела, 13.11.2016), екипата на КК „Баскет Кам“ (М-18) триумфираше на домашен терен против екипата на Борец Еуробрик од Велес, со конечен резултат 75;59. Најдобри играчи на вчерашниот натпревар беа: Александар Тодоровски (21 поени), Никола Орлов (16 поени) и Кире Блажевски (12 поени).
Раководството и тренерите на КК „Баскет Кам“ најавуваат дека сите категории кои се нартпреваруваат ќе се борат за највисок пласман и за освојување на медал.