КК Баскет Кам го декласираше Патриот 2016 Делчево со 101:41

На заостанатиот натпревар од десеттото коло од Првата женска кошаркарска лига, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица со убедливи 101-41 го совлада Патриот 2016 од Делчево и ги задржа шансите за плеј-оф натпреварите во понатамошниот дел од првенството.

 

 

Тренерот на делчевки Љупчо Петровски имаше проблеми со некомплетен состав, што не беше и едниствена причина за убедливиот пораз. Со оваа победа кошаркарите на Баскет Кам нанижаа 13 бодови со два натпревари помалку во однос на Бадел 1862, кој е лидер на првенствената табела со 19 бодови.

Што се однесува до екипата од Делчево, веќе утре со почеток во 13:00 часот, на паркетот во спортската сала ,,М.М.Брицо” го пречекува Студент, додека Баскет Кам очекува нова победа на гости во Кавадарци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *