КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТЕЦ, НЕГОВИТЕ МОШТИ ДОСЕГА БИЛЕ ПОГРЕБУВАНИ ЧЕТИРИ ПАТИ

Македонската православна црква-Охридска архиепископија викендов ќе изврши канонизација за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки. Канонизацијата ќе се изврши денеска и утре во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.

За црковното и просветителско дело на Пејчиновиќ се учи уште во основното образование, а за неговиот живот, покрај бројните написи, дознаваме и од камената плоча на неговиот гроб, која самиот ја изделкал и го напишал познатиот епитаф, на кој преку стихови го опишува својот животен пат. Но, малкумина знаат дека откако починал во 1845 година, посмртните останки на Пејчиновиќ четири пати биле откопани и преместени.

јазик од Скопје го изведува третото Кирилово погребение. Се вадат моштите и се пренесуваат на местото каде што сега се наоѓа неговиот гроб и каде е направено ново гробно обележје. Старата надгробна плоча е поставена во конакот на манастирот, во спомен-соба посветена на Пејчиновиќ. Но, ниту овде моштите на Кирил не наоѓаат спокој. Во 2001, за време на конфликтот, делумно беше оштетен и неговиот гроб, а потоа беше минирана и разрушена црквата ‘Св. Атанасиј‘, која е дел од Лешочкиот манастир. Набрзо, неговите мошти беа собрани во метално сандаче и чувани во параклисот Св. Кирил и Методиј, кој се наоѓа во конакот на Лешочкиот манастир. Во 2005 година, моштите на Кирил Пејчиновиќ по четврти пат беа погребани, односно беа вратени во обновениот гроб“, вели Петрушевски.

Како што соопштуваат од МПЦ, во рамките на литургијата на која Кирил Пејчиновиќ ќе се прогласи за светец, верниците ќе имаат можност и да се поклонат на неговите мошти. Од Тетовско-гостиварската епархија не добивме прецизен одговор дали ќе бидат изложени сите мошти, со оглед на тоа дека тие од 2005 се наоѓаат во неговиот гроб во Лешочкиот манастир.

Извор: sakamdakazam.mk Пишува: З. АНДОНОВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *