Карфиол – намалува воспаление, чувар на здрави крвни садови, делува превентивно против многу болести

Време е за подготовка на зимница. Карфиолот е зеленчук на кој треба да му се посвети внимание. Припаѓа на фамилијата зелкасти растенија и се вбројува во едно од најлековитите. Многу истражувања покажуваат дека е многу добар во борбата против проблемите со дојките, дебелото црево, белите дробови, јајниците и бешиката. Моќното дејство на карфиолот му го обезбедуваат антиоксидантите кои ги има во голем број во својот состав.

Покрај тоа што е антиоксиданс карфиолот е многу богат и со витамин Ц.

Зошто треба да се консумира:

-Карфиолот е зеленчук кој не содржи масти и натриум.

-Ги содржи витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б9, минерали и корисни фитохемикалии. Претставува добар извор на влакна, протеин, фосфор, калиум и високо ниво на витамин Ц.

-Карфиолот содржи калиум, минерал значаен за развој на коските и мускулите.

-Редовното користење во исхраната на карфиол делува превентивно да не дојде до кардиоваскуларни заболувања. Содржи витамин К и омега 3 масни киселини кои го намалуваат воспалението.

-Со редовна употреба на овој зеленчук се намалува ризикот од настанување на артритис, дијабетис…

-Карфиолот е чувар на крвните садови и позитивно влијае на циркулацијата, го намалува ризикот од срцев и мозочен удар

Leave a Reply

Your email address will not be published.